Овогодишната церемонија за доделување на Оскарите ја прателе 34,3 милиони американци, што е најниска телевизиска гледаност на овој настан во последниве 8 години, но како што наведува ABC, сепак Оскарите се и понатаму најгледано шоу во кое се доделуваат награди.
Помала гледаност од оваа година, Оскарите имале во 2008 година, кога церемонијата ја прателе 32 милиони американци, пренесува Ројтерс. Гледаноста била слаба и покрај присуството на Леонардо Ди Каприо и повеќемесечниот базз во јавноста дека токму годинава (што се покажа и како точно) Лео ќе влезе во историјата и конечно ќе ја освои најпрестижната филмска награда.
Минатата година, Оскарите ги гледале околу 36,6 милиони граѓани на САД, што е најниска гледаност за минатите шест години.