Минатата недела пишувавме за една интересна акција со билборди поставени низ Скопје кои на случајните минувачи им порачуваат едноставно дека е време да се насмеат…. На билбордите немаше потпишано никаков бренд или компанија….се до денеска :)
Фотки од билбордите кои шират љубов, позитивна енергија и насмевки беа споделувани на социјалните мрежи кога пријателите си “пуштаа“ насмевки, а за билбордите, покрај Маркетинг365 пишуваа и други домашни и светски медиуми кои следат интересни билборд кампањи (ЛИНК).
Добро проценивме дека станува збор за тизер кампања, на што не упати последното copy од постерот “Знам добра причина..“ кое најави дека скоро ќе дознаеме кој стои позади билбордите и која е таа добра причина.
И бум…утрово врз билбордите е додадена завршна реченица која гласи : “Добра причина за насмевка – Лакалут актив” , со што мистеријата е откриена и дознавме дека пастата за заби – Лакалут актив е таа која повика луѓето повеќе да се смеат и да бидат позитивни !
Се на се одлично структуирана билборд кампања, најпрво со тизер пораки кои се вирални и предизивикуваат интерес кај луѓето, а потоа со одлична логика и асоцијација со брендот паста за заби. Браво !