Како што наближува Денот на жената (а со тоа и на мајката), фрламе еден поглед на тоа како се менувало ‘лицето’ на мајчинството во адвертајзингот. Еве пет реклами кои ја покажуваат прогресијата на жената и мајчинството.
1950-ти
Persil: Што е мајка?
Снимена во црно и бело, оваа реклама од 1950-тите прикажува мајка која се враќа дома за да пери, додека нејзиниот син го поправа својот моторцикл. Нарацијата вели: “Мајка е таа која се грижи до смрт, а се преправа дека никогаш не паничи.” Таа има потреба од многу трпение, и од многу Persil, се додава на крајот.
1980-ти
Oxo: Oxo Мајката
Оваа популарна реклама од 1980-тите ја прикажува Oxo мајката (играна од страна на Линда Белингам). Рекламата е позната како класик, во која мајката ја поставува вечерата и им вели на своите деца “Да, странско е.” Потоа завршува со заводливо прашање кон својот маж: “Се сеќаваш на Престон?”
2010
John Lewis – Секогаш жена
Рекламата следи новородено бебе низ нејзиниот живот во детството, зрелоста, мајчинството, дури и како баба, се’ во 90 секунди. Таа постојано носи црвено, а во позадина оди песната ‘Always a woman’. Спотот завршува со слоганот на John Lewis: “Never knowingly undersold”.”
2014
American Greetings and Cardstore – Најтешката работа на светот
Жените ја имаат најтешката работа на светот, а не се доволно вреднувани, тоа е пораката на оваа компанија за изработка на картички за честитање. Спотот е составен од снимки со веб-камера од луѓе кои се интервјуираат за лажен работен оглас за позицијата “Директор на операции”, која има широк опсег на одговорности. Вклучува работење простум, 135 часа во неделата, без спиење и плата од ‘скоро ништо.’ Откако шокираните кандидати ќе одговорат на понудата, им се објаснува дека ова е всушност работата на мајките. Емотивната реклама завршува со зборовите: “Овој Ден на Мајката можеби ќе сакате да и’ направите картичка.”
2015
L’Oreal – Жени од вредност
Жените го менуваат светот во овој филм. Во ова славење на ‘жените од вредност’ се раскажуваат приказни на жени кои направиле разлика. Посебен акцент во спотот е ставен врз една од мајките, Филис Судман, која го загубила својот син поради срцево заболување. Како основач на Simon’s Fund, таа помага во подигнувањето на свеста за овие проблеми. Темата на рекламата е дека кога жената се чувствува вредно, таа добива сила.