Brainster во својата актуелна понуда вклучува нов курс кој може да биде интересен за сите вклучени во маркетинг индустријата :
Наслов: Experience Marketing: Иднината на маркетингот и како да креирате искуства за новите генерации (ЛИНК)
Инструктор: Митко Цабевски
Повеќето работи во животот ги забораваме, но она што секогаш останува длабоко врежано во нашата меморија се ИСКУСТВАТА.
Истото важи и кога станува збор за маркетингот и пораките кои ги испраќате на вашите потенцијални клиенти. Помина времето на еднострани ТВ реклами и билборди, досадни интернет банери, а Facebook и Twitter денес се стандард.
Вашите постоечки и потенцијални клиенти се селат на нови платформи и доаѓа времето на “искуствен маркетинг”.
На овој курс ќе научите за новите платформи кои се хит во светот и кај нас.Детално ќе ги анализираме Snapchat, Instagram, Periscope, Meerkat, Vine и како да креирате маркетинг содржини и кампањи кои се специјално “дизајнирани” за овие платформи.
Преку конкретни апликативни примери ќе дискутираме за нови и возбудливи можности како да поставите нови стандарди во вашите маркетинг активности. Ќе се фокусираме на најновите трендови во дигиталниот свет, однесување на новите генерации клиенти и како овие промени комплетно го менуваат начинот на кој се создава и конзумира маркетингот на новото време.
Целта на овој курс не е само да се запознаете теоретски со новите платформи, целта е да добиете know-how и техники кои веднаш ќе може да ги примените. Ќе работиме и на конкретни примери за вашите компании, производи, и брендови.
Иднината е сега! Само оние што се спремни да учат и да се менуваат опстануваат.
(комерцијален текст)