(РЕГИОН) – Интернетот од трето скокна на прво место како медиум кој граѓаните на Хрватска во текот на 2015 година го користеле на неделно ниво, е резултатот од истражувањето Mediascope кое го објави IAB Хрватска. Jan Jilek, ко-основач и претседател на IAB Хрватска изјави дека тоа е значаен пораст на користењето на интернетот во однос на изминатиот Mediascope од 2012 година.
Според истражувањето, Хрватите и понатаму најмногу интернет користат преку компјутер. На него поминуваат 3,8 часа дневно. Веднаш потоа, интернет користат преку паметните телефони на кои поминуваат 3,4 часа дневно. Најмалку време 1,9 часа поминуваат на таблет. Печатените медиуми, посебно весниците, на неделно ниво ги користат 40,43% од корисниците, а списанијата 29,06%. Вкупно како медиум најмногу се користи интернет (100%), следи телевизијата со 89,67%, а после тоа е радиото со 58,38% корисници.
Повеќе информации пронајдете на сајтот на IAB Hrvatska.