(РЕГИОН) – Хрватскиот пивски бренд “Ожујско“ (Ožujsko Pivo) во соработка со референтниот центар за лечење на тумор на тестисите при Министерството за здравје во Хрватска деновиве ја стартуваше кампањата “Почешај ги со причина“ со која сакаат да влијаат врз подигнување на јавната свест кај мажите за навремено откривање на рак на тестисите.
Во кампањата каде што како амбасадори се вклучени повеќе мажи од јавниот живот во Хрватска се промовира грижата за сопственото тело и здравје и превземањето на контрола за навремена превенција.
На носечкиот веб сајт од оваа кампања (http://www.pocesisrazlogom.com/) поставени се совети и методи за самопрегледување на тестисите и знаци за распознавање на евентуалните несакани карактеристики.
На истата оваа тема (рак на тестиси) пред неколку години имаше феноменална македонска кампања, осмислена и реализирана од страна на агенцијата Меккен Скопје за клиентот НВО Веритас Спирити, која беше наградена со освојување на првиот Златен кански лав на Балканот.
Погледнете ја македонската кампања “Провери ги!“ во продолжение: