По повод 60-годишното постоење на македонскиот пазар и пошироко, „Витаминка“ го означи стартот на маркетинг-кампањата „Свет на вкусови“, со цел да им се заблагодари на своите верни потрошувачи кои се дел од Светот на вкусовите во текот на сите овие изминати години.
60 години Витаминка е дел од нас, од нашите сеќавања. Кога ќе се навратиме назад може да се потсетиме на моменти што се посебни за секој од нас, дали се радуваме на својот прв дом, на моментите поминати со родителите, на нашите детски лудории, на секој наш роденден. Сите овие моменти поминати со саканите даваат белег на нашиот живот.
Маркетинг агенцијата Division работеше на целокупната кампања, од градење на идејата, па сè до нејзината реализација. Токму ова беше повод да поразговараме со одговорните од маркетинг агенцијата и да дознаеме нешто повеќе за овој проект. Најпрво погледнете ја видео рекламата која што беше промовирана, а во продолжение и нивното излaгање:
“Оваа приказна е инспирирана од секојдневието и притоа има емотивна вредност што нè поврзува сите нас со брендот. „Витаминка“ е бренд кој расте, се развива низ декадите, неуморно збогатувајќи ги нашите трпези и оставајќи врежани делови во нашите најмили спомени. За таа цел сакавме овој јубилеј да го одбележиме со приказна која доаѓа од нашите заеднички сеќавања, колективни мемории – 6 децении со „Витаминка“ во нашите домаќинства и во нашите срца”
Идејата е да се претстави „Светот на вкусовите“ на „Витаминка“ онаму каде што најчесто го сретнуваме – на трпезите, во топла и семејна атмосфера.
Кампањата започна со промовирањето на Новогодишниот календар на „Витаминка“, каде што се пренесени мемоарите од секоја деценија на семејствата, проследени со најактуелните производи на „Витаминка“ кои ја одбележуваат соодветната деценија, а сцените потоа беа оживеани во ТВ-спотот.
“На реализација на календарот и на ТВ-спотот работеше тим од 70-тина професионалци кои успешно ја доловија приказната на „Светот на вкусовите“, со автентичен дух и енергија. Исто така во текот на оваа година ќе следуваат и други активности во рамките на оваа кампања.”