Stella Artois, познатиот белгиски пивски бренд во сопственост на AB InBev, ја слави својата 600-годишна историја со нова ТВ кампања.
Рекламата, направена од Mother, го следи младиот Себастијан Артоис кој ја продава целата своја сопственост, вклучувајќи го и своето куче, за да купи пивница на аукција.
Рекламата претставува комбинација на старите неми филмови и модерна музика. Рекламата прв пат беше објавена на 10 март, а режирана е од страна на Франсоа Руселе од Riff Raff.
Уште една нова реклама, која ќе треба да се појави оваа недела, ќе ја следи Изабела Артоис и ќе ги документирана клучните моменти во историјата на пивницата. Слоганот на крајот на рекламите гласи: “По што сакате да бидете запаметени?”
ТВ рекламите ќе бидат поддржани и со онлајн и offline активности кои ќе содржат слики на британскиот фотограф Ричард Бурбриџ.
Медиа планирањето е управувано од страна на Vizeum.
Тод Ален, глобалниот потпретседател на Stella Artois, изјави: “Вие можете да имате наследство само кога ќе оставите нешто за следните генерации да уживаат во него. Но, не се работи за слава, туку за создавање на нешто опипливо што другите ќе го ценат.”
“Себастијан и Изабела Артоис направиле одлуки кои имале огромно влијание врз историјата и успехот на Stella Artois, во кое се ужива до ден денешен. И покрај тоа што овие настани се случиле пред векови, нивните приказни покажуваат одлучност и способност да се пробие низ препреките и се се’ уште релеванти и инспирирачки за луѓето денес,” додаде тој.