Основачот и главниот и одговорен уредник на еден од најрелевантните регионални маркетинг медиуми, порталот Медиа Маркетинг, г-дин Екрем Дупановиќ, ветеран во огласувачката индустрија, вчера и денеска беше специјален гостин на агенциите McCann Skopje и Universal Media Skopje и во нивна организација оддржа две интересни предавања во главниот град на Македонија.
Дупановиќ најпрво вчера ги посети студентите и алумните на Американ Колеџ Скопје, каде зборуваше за ‘‘Хотел Југославија‘‘ – својата најнова книга која наскоро официјално ќе биде промовирана во регионот, за маркетингот и се што ја прати индустријата некогаш и сега, за трендовите, за успешните маркетинг проекти и ги сподели своите совети како до успешна кариера во една од најдинамичните професии на денешнината.
На денешното предавање пред своите маркетинг колеги од McCann Skopje и Universal Media Skopje, на која чест имаше како гостин да присуствува и авторот на текстов, Екрем повторно ја сподели својата непресушна енергија која го води во неговата 45 годишна кариера, неговите погледи на актуелната состојба во маркетинг индустријата во регионот, зборувајќи за трендовите во комуникацискиот бизнис иинспирирајќи ги вработените да бидат предводници на позитивните промени кои треба да се случат во нашата индустрија.