Рекламите во денешно време е практично невозможно да се избегнат. Тие го исполнуваат нашиот секојдневен живот, се наоѓаат на мобилните уреди, а сега дури и во виртуелниот свет!
Ако никогаш не сте имале прилика да се качувате на Доломитите во Италија или да ги гледате Лејкерси или Јунајтед од првиот ред, сега можете – но само виртуелно. Бројот на апликации за виртуелна реалност забрзано расте, комплети на наочари и слушалки се појавуваат на пазарот, и можностите за одење во еден од овие светови се подостапни како никогаш порано. Тоа секако значи и потенцијално повеќе реклами.
„Агументираната и виртуелна реалност би требало до 2020 година да оствари профит од 150 милијарди долари, тоа е индустрија во развој. Тој број ќе им го сврти вниманието на огласувачите“ истакна Кејти Ричардс, новинарка во магазинот „Adweek“.
За сопствениците на брендовите тоа значи дека за клиентите ќе мораат да осмислат искуство, кое истовремено ќе ги рекламира нивните производи, како на пр. виртуелно искачување на планини за промоција на нивните планинарски чизми. „Ве става Вас на место кадешто можете да осетите како е да ги носите тие чизми и да бидете во една од тие луди опкружувања“ објаснува Ричардс.
Германската авио компанија Lufthanza, исто така ги издигна гледачите во нови висини со својата апликација за виртуелна реалност, така што ги смести во прва, бизнис класа со стујардеси кои служат шампањ.
„Досега е најмоќниот медиум на планетата, а онај кој најмногу ангажира гладачи беше огромното биоскопско платно или IMAX.Виртуелната реалност повеќе ве вовлекува во себе. Тоа за огласувачите е многу моќно, бидејќи можат да се поврзат со својата публика во виртуелен свет, како и заради емотивната реакција која ќе ја добијат“ вели Di Džej Roler. Тој е коосновач на NextVR, технолошка компанија која соработува со компании како што е Fox Sport, за да нивните настани во реално време ги трансформира во виртуелна реалност. Со оглад на публиката које е веќе восхитена, Roler смета дека рекламите се природен продолжеток за развој на оваа технологија. “Можеме лесно да ги избришеме и да ги замениме работите. Така што она што е понекогаш тешко во 2D медиумите, за нас е тривијално да го измениме“ вели Roler.
Тоа значи дека гледачот од Азија кој го гледа концертот на Coldplay во виртуелна реалност може да ги види рекламите кои се порелевантни за него отколку за гледачот на истиот концерт во Америка. Иако сеуште не е сосема јасно колку кампањите во виртуелната реалност се ефективни, едно е сигурно – тие се и понатаму прескпи. “Многу е скапо некој продавач или агенција да го направат тоа искуство, друг проблем е тоа што правата остануваат верни на производот и сетоа тоа не смее да се сведе само на експериментирање во виртуелната реалност“ потсеќа Ричардс.
Меѓутоа за оние за кои дигиталниот свет е како вроден, како што е за повеќето денешни млади луѓе, виртуелната реалност можеби ќе биде нормална како и “chicken McNuggets”. Во Шведска, некои од рестораните за брза храна на Mekdonalds почнаа да служат Happy Meal во кутии кои можат да се конвертираат во едноставни наочари за виртуелна реалност. За брендовите кои повеќе се свртени кон технологија, виртуелната реалност е само уште еден начин да допрат до саканата демографија – милениумската генерација.
“Милениумската генарација е спремна да потроши многу пари за доживувања. Виртуелната реалност е начин за продавачите на реклами да им овозможи доживување кое во спротивно не би го имале“ заклучува Ричардс.