Долго време чекавме и фала му на бога што добивме и во Македонија специјализирана агенција за спортски маркетинг и спортски менаџмент.
Од “КМГ Спорт“ покажуваат со пример како треба сериозно да се работи на промоција на спортски настан и како паметно да се биде се присутен користејќи различни канали за комуницирање со целната публика.
Не дека досега не се случувале промоции на спортските настани, но освем делимично од федерациите (тука мислам генерално на ФФМ), никој друг (од клубовите на пример) тоа не го правел континуирано, сериозно и сеопфатно.
Голем љубител сум на фудбалот, спортот генерално, и уживам да следам спортски настани дома и странство а кога тоа ќе се спои со мојата професионална окупација, маркетингот и комуникациите воопшто, секогаш спортот и спортските настани ги набљудувам и од призма како тие “градат релации со околината“, “се продаваат“ пред пошироката јавност, на кои начини се анимираат подржувачите, како се работи со фановите и колку спортските организации инвестираат или не во комуникацијата со светот околу нив.
Професионално преку компанијата во која сум ангажиран сум имал прилика да соработувам со и да видам како на fan engagement работат клубови од рангот на Челзи, Чарлтон, Стандард Лиеж и др., сум анализирал како адвертајзингот и ПР-от направија од Турција земја која ќе лудува по фудбал и како мојот Јунајтед се искачуваше на листата на највредни спортски брендови во светот.
За жал, во Македонија не сме имале прилика да бидеме сведоци на некоја континуирана комуникација на некој наш клуб или интегрирана кампања за некој спортски настан…..се до сега.
Агенцијата за спортски маркетинг и менаџмент, КМГ Спорт, изминативе две години се јавува како организатор на кампот “Кирил Лазаров – 7“ , организиран во соработка со најдобриот македонски спортист Кирил Лазаров.
Бидејќи и професионално сме имале прилика да соработуваме со предводникот на КМГ Спорт, Горан Ѓорѓоновски, знам колку време и енергија вложува во неговата работа и знам дека тој негов порив е единствено од тоа што тој ја сака и ужива во својата работа. Во себе го носи спортскиот дух и единствено за што знае е дека сака во тоа што го работи да биде најдобар.. и, е… шампион е!, заедно со целата негова екипа (поздрав до Влатче!).
Билбори, радио-реклами, веб банери, BTL промоции, брендирани автобуси…..гостување во ТВ емисии, гостување во радио емисии, newsletter, лендинг страна, Фејсбук, Инстаграм, промоции по училишта, шопинг молови, склучени партнерства со најголемите спортски брендови за подршка на кампот, прибрани спонзори….се само дел од активностите на кои сум сведок и кои се реализираат во контекст на успешна реализација на наредното издание на кампот кој ќе се оддржи летово во Охрид и тоа во два термини (од 17-23 и 24-30 Јуни) и кој ќе нагости поеќе од 300 момчиња и девојчиња од целата држава и странство на возраст од 10 до 18 години.
На кампот се договорени и дузина предавања од еминентни спортски стручњаци, педагози, психолози, нутриционисти…се на се, врвен спортски настан кој е пример од кој за промоција и логистика можат да учат мнозинството домашни клубови и федерации.
Маркетинг365 е секогаш тука да пофалиме позитивни примери во комуникациите, среќни сме што и спортските настани почнаа “да зборуваат на наш јазик“, па затоа, голмо БРАВО и поддршка за КМГ Спорт и Ракометниот камп “Кирил Лазаров – 7“ !