Најновата реклама од LG ќе ве остави комплетно заситени од гледање на Џејсон Стетам, бидејќи актерот се појавува скоро 1000 пати во ТВ спотот за новиот LG G5. Има стара жена Стетам, мало бебе Стетам, каскадер Стетам, келнер Стетам, ограбувач на банки Стетам, и многу повеќе.
Откако Еди Марфи за прв пат во The Nutty Professor ја испроба можноста за еден актер да игра повеќе улоги (пожелно и машки и женски, и многу стари и многу млади), тоа се третира како сигурна формула за успешна комедија.
Овој проверен метод е искористен со добар ефект во новата, со акција исполнета, реклама на LG, каде акциониот ‘тешкаш’ Џејсон Стетам ги игра сите улоги. Глобалната телевизиска кампања на LG е создадена од Energy BBDO и завршува со слоганот: “Life’s good when you play more”.
Оваа надреалистична реклама е наменета да го промовира модуларниот дизајн на новиот телефон, кој му овозможува на корисникот да го претвори во низа од ‘гаџети’, така што забавноста е главниот фокус на телефонот.
Заслуги
Advertising Agency: Energy BBDO
Executive Creative Director: Sam Bergen
Creative Director/Copywriter: Miller Jones
Creative Director/Art Director: Aaron Pendleton
Production Company: MJZ
Director: Fredrik Bond