Овие денови кампањата Само љубов, која агенцијата Imago ја осмисли за брендот вода “Јана“, а во која скоро цел регион со трепет во живо го следеше враќањето на Клепетан на Малена, полека влегува во својата завршна фаза
Imago за новата едиција Љубов на водата Јана направи кампања во која за љубовта не се зборува, туку љубовта се живее, чувствува и дели. Се започна со поставувањето на камери на покривот на куќата во Бродски Варош каде што веќе 14 години својата љубов ја негуваат двата најпознати штркови на светот, Малена со скршени крилја и Клепетан, кој секоја пролет се враќа од југ. Благодарение на идејата од Imagо, враќањето на Клепетан по пат на 24 часовен пренос во живо можеше да го следи целиот свет. Освен што можеа да ја следат оваа прекрасна љубовна приказна, корисниците можеа и да се вклучат во неа, со праќање на своите пораки за љубов и на тој начин да го разубават исчекувањето на Клепетан.
Врвот на кампањата се случи на 30.03. околу 15 часот, кога Клепетан после 6 дена доцнење и преку 14 000 поминати километри, конечно ги смири стотици ијлади луѓе и по четиринаесети пат слеат во гнездото на својата Малена.
Љубовта повторно покажа дека не познава граници, а во Imagо и Јана покажаа дека граници не познава ниту креативноста.
“Она што изгледа како едноставен live stream на едно гнездо е всушност огромна и потполно непредвидлива кампања зад која стојат неколку месеци подготовки и повеќе од 30 константно вклучени луѓе во проектот. Од многубројни дозволи, технички барања за 24/7 livestream од едно мало село, непредвидени ситуации, како што се лоши временски услови и слично … па до целоноќни напори се потполно да функционира 100%, бидејќи такво случување од еден мал покрив на кој се одвива големо исчекување на Клепетан во истиот момент го следат илјада луѓе на различни места. Замислете само колку храброст морате да имате за при лансирање на нова едиција на производ на еден голем бренд, како што е водата Јана, а во која притоа зборувате за љубов, се зависи од враќањето на еден штрк, кој при тоа мора да помине 14.000 километри за да се врати токму во своето гнездо каде што сите го исчекуваат. Да се впушти во ваква авантура може само некој кој навистина верува во љубов … но и работата која ја работи, да ја работи со љубов. Овај проект генерираше за помалку од месец дена десетици илјади позитивни пораки и покрена цела една лавина позитивни емоции”, изјави Darko Bosnar, Art&Innovation директор од Imagо.