Чоколдниот бренд Milka ја откри својата нова глобална бренд платформа – Tenderness is inside (Нежноста е внатре), која беше лансирана заедно со нова пан-европска кампања.
Во март 2015, Mondalez International ја назначи Wieden+Kennedy Amsterdam за глобална креативна агенција за адвертајзингот на Milka, која продолжува да биде иконичен бренд, а W+K имаат цел да го подигнат тоа ниво уште повисоко.
Како последица на одлуката Milka да се рефокусира на основната суштина на брендот, една нова глобална бренд платформа ќе ги обедини комуникациските напори на Milka во Европа – EEMEA & LATAM. Со овој смел потег на брендот, за прв пат, двете главни категории на прозиводи на Milka – бисквити и чоколади, ќе бидат позиционирани на единствена комуникациска платформа.
Платформата – Tenderness is inside, се фокусира да ја ‘оживее’ суштината на Milka во форма на идеалистичниот, идиличен домашен град Lilaberg.
Lilaberg е визијата која стои позади сите Tenderness is inside алпски приказни. Тоа е свет каде секој се однесува толку љубезно колку што е возможно да се биде љубезен, воздухот е почист, небото е посино и каде невообичаеното никогаш не е неочекувано кога е тука магијата на Milka која ги спојува луѓето заедно.
Новата бренд платформа доаѓа со два спота – The Strong Man и The Biscuit Jar. Секој спот е исполнет со нежноста на Milka и зборува од јадрото на брендот.
За чоколадите е наменета 90-секундната телевизиска реклама The Strong Man, која ја следи шармантната приказна на едно момче која ја добива толку потребната самодоверба преку еден нежен акт на неговиот личен херј – докажувајќи дека навистина постои нежност во сите нас.
The Biscuit Jar, 60-секунден спот наменет за категоријата бисквити, ја раскажува приказната за Georgie, младо девојче која открива магичен сад за бисквити, кој случајно изгледа исто како нејзиниот дедно. Спотот воведува нови симпатични Milka анимирани ликови-садови за бисквити кои ги обожаваат Milka бисквитите – и се разбира, кој подобро ги познава бисквитите од садовите за чување бисквити?