Македонската компанија Везе Шари, заедно со своите партнери, стана ексклузивен застапник и увозник на млечните производи на германскиот бренд Mueller Milch (https://www.muellermilch.de/). За прв пат, производите на овој познат бренд во млечната индустрија ќе се најдат на трпезите на граѓаните во Македонија.
„Успешно ја продолжуваме и ја продлабочуваме соработката со нашите германски пријатели. За прв пат, производите на брендот Mueller Milch ќе бидат достапни на нашите граѓани. На овој начин, докажуваме дека Везе Шари е компанија која нуди квалитет и работи согласно европските стандарди затоа што сме ексклузивни увозници на производите на овој бренд“, вели Беким Иљази, маркетинг менаџер во компанијата.
Mueller MIlch произведува многу популчарни брендови јогурт, вклучувајќи ги Müllerlight, Müllerice, Yogz и Muller Froop (ванила јогурт со мус овошје на врвот). Најпопуларните вкусови јогурт се направени со лимон, малина, праска, боровинка, цреша, кајсија и јагода. Секоја година, компанијата промовира егзотичен вкус на јогурт.
Со овој чекор, велат од компанијата Везе Шари, се проширува соработката со германските партнери и се зголемува корпоративното портфолио. Везе Шари е познат македонски бренд за производство на јајца, кој продава на македонскиот пазар и на пазарите на НАТО Алијансата.