Во текот на вчерашниот ден Кока-кола претстави ново дизајн портфолио на своите амбалажи во склоп на “Taste the feeling“ кампањата кое ја следи новата “One brand“ стратегија на визуелно обединување на графичките решенија на амбалажите на сите Кока-кола екстензии (Coke, Diet Coke, Coke Zero и Coca-Cola Life).
Новите амбалажи кои ќе имаат потпис на брендот “Red Disc“ најпрво ќе се најдат на полиците во продавниците во Мексико, а слични верзии ќе се појават и на сите останати пазари во текот на оваа и наредната година.
“Пакувањето е нашиот највидлив и вреден имот“, вели Marcos de Quinto, директорот за маркетинг на Кока-Кола. ““Црвениот диск“ на Кока-Кола стана своевиден потпис на нашиот бренд, синоним за одличен вкус, унапредување и освежување.“.
“Со овој чекор одиме нанапред во целосно визуелно освојување на стратегијата “One Brand“ која ја обединува фамилијата Кока-Кола под еден визуелен идентитет и им овозможува на потрошувачите побрзо да го изберат својот напиток со или без калории, со или без кофеин“-надополнува маркетинг директорот на Кока-Кола.