Реализизацијата на најголемото светско пивско спојување помеѓу АБ ИнБев и САБ Милер е само на чекор.
Пивскиот гигант со главно седиште во Белгија „АБ ИнБев” договори продажба на брендовите пиво Peroni, Grolsch и Meantime за 2,55 милијарди евра.
Најголемата светска пивска компанија „АБ ИнБев” (Anheuser-Busch InBev ) која има пазарен удел од речиси 25% на светскиот пазар на пиво, ја прифати понудата на јапонската пиварница „Асахи груп холдингс” за купување на пивските брендови Peroni, Grolsch и Meantime за 2,55 милијарди евра.
Продажбата на овие брендови е дел од интеграцијата на една од најголемите аквизиции во историјата, за да се задоволат законските регулативи.Со овој договор ќе биде надмината уште една пречка пред „АБ ИнБев” да го добие одобрението од регулаторните тела за купување на „САБ Милер”.
Договорот со „Асахи” е меѓу условите да продолжи трансакцијата со „САБ Милер”, стои во соопштението на „АБ ИнБев”.
„Асахи” е најголемата пиварница во Јапонија, со пазарен удел од 38 отсто. Сепак, производителот се стреми кон пораст надвор од земјата, бидејќи намалениот број на население и зголемената популарност на виното во Јапонија, создаваат проблеми на продажбата на пиво во последните две децении.