Почнете да работите на Вашето трпение додека отворатe YouTube….
Во текот на вчерашниот ден YouTube информираше дека наскоро воведува кратки реклами што нема да биде возможно да се прескокнат. Со тоа ќе ги присилат корисниците да ги погледаат, дури и ако тие не сакаат :(
Видеата познати како “Bumber ads” траат шест секунди и се директен одговор на тоа што луѓето ги прескокнуваат рекламите кога можат (читај: стално).
Оваа нивна одлука ја оправдуваат со истражувањето кое покажало дека половина од луѓето на возраст меѓу 18 и 49 години видеата на YouTube ги гледаат преку своите смартфони дури и кога се дома, а токму тоа е целната група за bumper ads.
Закупот на огласниот простор ќе стартува од мај, но некои веќе се прикажуваат како дел од тест периодот.