Како дел од кампањата за едукација на младите, компанијата Вивакс организира тури за учениците од основните училишта. Први што ги посетија производните погони на компанијата Вивакс, каде се произведуваат Вива соковите, беа учениците од деветто одделение од Основното училиште Димитар Македонски од Скопје. Придржувајќи се на процедурите и правилата за влегување во погоните, со соодветни униформи, учениците во текот на едукативната посета беа запознаени со технолошкиот процес на неколку производни линии, стандардите и процедурите што мораат да се почитуваат во технолошки напреден производен капацитет.
Посетата заврши со задолжителните пакетчиња со Вива сокови.
* комерцијален текст