Телекомуникацискиот оператор Оне.Вип кој беше формиран во октомври 2015 година како резултат на спојувањето на дотогаш вториот и третиот играч на пазарот на мобилна телефонија Вип, односно Оне, а кон кој подоцна беше приклучен и кабелскиот оператор Близу, најави дека од 11 мај сите свои брендови ќе ги обедини под капата на брендот Вип.
Од овој датум сите корисници на Вип, ОНЕ и Близу тарифните модели стануваат Вип корисници.
“Обединувањето на брендовите“ денеска е означено со почеток на новата кампања со носечки слоган “Заедно е подобро“ која започна на националните телевизии и периодов ќе биде присутна по другите канали.