На вчерашната Digital Day конференција која се одржа во Белград, покрај другото беа објавени и резултатите од истражувањето за нивото на инвестиции во дигиталното и интерактивно огласување во 2015 година.
Целото AdEx истражување спроведено од IAB Србија слободно можете да го преземето од следниов ЛИНК, а бројки кои би сакале посебно да ги извадиме се следниве:
- Пазарот на дигитално огласување во Србија, минатата година остварило раст од 11,2% во однс на претходната година и сега изнесува 20,01 милиони евра, при што видео огласувањето е апсолутен победник – остварувајќи раст од неверојатни 128%, преминувајќи ја границита од 1 милион евра.
- Мoбилното огласување остварило раст од 43% и тоа сега изнесува 1,81 милион евра.
- Огласувањето на социјалните мрежи изнесува речиси 3,3 милиони евра, со раст од 4,4% од претходната година, со тоа што Фејсбук тука го зема најголемиот дел (2,75 мил. EUR).