Фестивалот на креативни индустрии „Скопје Креатива“ на сите заинтересирани посетители ќе им овозможи размена на искуство и богата интеркултурна комуникација со добро конципирана богата и разновидна програма од преку 40 настани поделена во три фестивалски дена, и тоа презентации, предавања, работилници, изложби, видео и мултимедијални проекции.
Овогодинешното издание ќе се оддржи под мотото Hub me with creativity – „Поврзи ме со креативност“, во периодот од 9-11 јуни на просторот Плаја Виста (стариот аква парк) во Скопје.
Посетителите ќе имаат можат да ги проследат предавањата и презентациите на швеѓанецот Карл Малмвал индустриски дизајнер со долгогодишно искуство од ИКЕА, Хајдулф Гернгрос урбан дизајнер од Австрија, младите модни дизајнерки од Полска – Ана Лишч и Викторија Новак, хрватот Кристиан Бенич – маркетинг експерт, гостите од Словенија- Игор Трипуна и Лука Пишкорич, Ренета Георгиева (Бугарија), како и изложби на Школата за применети и визуелни уметности, Аристотел Универзитет од Грција и Факултет за архитектура и урбано планирање од Косово.
Повеќе информации за самиот настан и начините како да се аплицира за место на бесплатните предавања, можете да погледнете на следниов ЛИНК.