Најголемиот светски производител на пиво Anheuser-Busch InBev, во чија сопственост се наоѓаат брендови како Beck’s, Budweiser, Corona, Hoegaarden и Stella Artois, го обнови својот бренд идентитет со ново лого и слоган.
Новото лого претставува круг со внатрешен негативен простор кој одделува три помали, пресечени кружни површини со златно-жолта боја. Логото од една страна потсетува на глобус со три континенти, укажувајќи на глобалниот карактер на компанијата, додека пак од друга страна – претставува икона на три чаши светло пиво кои наздравуваат (гледно од горе).
Името на компанијата е испишано со бели букви, како пивската пена, додека под нив во златно-жолта, пивска боја, стои новиот слоган: “To a Future With More Cheers” („За иднина со повеќе здравици“).
„Веруваме дека овој нов визуелен и вербален израз совршено го доловува ревитализираниот корпоративен бренд на AB InBev и инспиративната нова глобална цел“ – истакнува генералниот креативен директор на компанијата, Питер Диксон.
Според глобалниот потпретседател Ричард Опи, новиот „едноставен и модерен дизајн“ го право многу поочигледен „духот на компанијата за оптимизам, амбиција и славење што доаѓа со нашата нова цел да сонуваме големи идеи за да создадеме иднина со повеќе здравици“.