ABC Хрватска одлучи да понуди сертифицирање на тиражот на сите издавачи од ex-YU земјите, ако немаат свој ABC (или тој не функционира), пренесува порталот Media-Marketing.com
“Агенциите и огласувачите се заинтересирани за тоа, па од таму произлезе и оваа одлука нашата понуда да ја прошириме на целиот Adriatic регион“ – велат од ABC Хрватска
Со својата досегашна работа ABC Хрватска има стекнато позитивен углед меѓу издавачите, агенциите и огласувачите во Хрватска.
ABC Хрватска е полноправен член на меѓународната ABC организација (International Audit Bureaux of Certifications – IFABC.)
Услугите кои ги нуди вклучуваат:
- Издавање на стандардизирани извештаи за испечатените и продадените/дистрибуираните примероци на печатените изданија,
- Ревизија на сите добиени податоци од издавачите/организаторите, на основа на интернационалната методологија и ABC стандарди.
- Објава на добиените и ревидирани податоци, без коментар, што ќе им користат на сите учесници во издавачката и маркетинг индустријата.
- Афирмирање на користа која произлегува од независното и веродостојното утврдување на вистинските податоци, промовирање и афирмирање на своите членови и нивните резултати.
- Афирмирање и поттикнување на високи морални и етички норми во бизнис односите, охрабрување и поддржување на што поширока примена на меѓународно признатите стандарди и процедури во извештаите за примероците на печатените изданија, бизнис и потрошувачките настани.
- Поставување, оддржување и поттикнување на размената на информации, сознанија и искуства меѓу членовите на ABCH, како и помеѓу членовите на ABCH и членовите на IFABC.
- Континуирана соработка со IFABC, со цел постојано унапредување на својата организација, структура и процедури.