Како што рестрикциите поврзани со пандемијата пополека се напуштаат, така популарниот шведски бренд на вотка Absolut ја лансираше својата најголема рекламна кампања во последната деценија.
Кампањата насловена “The World of Absolut Cocktails. Born to Mix” („Светот на Абсолут коктели. Родени да мешаме“), нè охрабрува да се дружиме и мешаме со различни луѓе кои имаат различни животни перспективи, додека истовремено експериментираме со различни мешани коктели.
Во централниот спот на кампањата, некои од најпопуларните коктели во светот ги гледаме во персонифицирана форма – како живи луѓе „од крв и месо“. Па така, ја гледаме високата, елегантна и шик Cosmopolitan како наздравува со свежата Bloody Mary облечена во црвена кожа, додека на подиумот за танцување се наоѓа разиграната и сексапилна Espresso Martini.
Спотот е проследен со нарација на холивудскиот актер Рами Малек, кој вели: “Добредојдовте во Absolut светот на коктели. Во овој ексклузивен, но инклузивен свет, сè е измешано… Израз, личности, пријателство.. Колку повеќе се мешаме, толку повеќе создаваме, толку стануваме посилни.”
Кампањата се реализира со помош на агенцијата Ogilvy.