Една од водечките компании за финансиски инвестиции, Across Finance, по инвестирањето во комуникациската индустрија во регионот на Југоисточна Европа, го назначи Јан В’лчек за директор за инвестиции во медиумскиот сектор. На оваа позиција, Јан В’лчек ќе биде задолжен за работењето на агенциите во кои инвестираше Across Finance преку неодамна основаниот Across Media Holding. Примарниот фокус на Јан ќе биде на агенциите поврзани со McCann и Mediabrands кои работат во регионот на Југоисточна Европа, вклучувајќи ги McCann, UM, Initiative, како и други агенции на пазарите во Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Албанија.
Со повеќе од 20 години искуство во медиумите и пазарните комуникации, Јан В’лчек носи богато знаење од индустријата. Бил на лидерски позиции во повеќе агенции во рамките на WPP, вклучувајќи ги и Mindshare и JWT во Прага и Москва. Во CME, тој беше одговорен за шест пазари во Централна и Југоисточна Европа и беше ко-извршен директор на TV Nova во Чешка и директор за продажба на CME Group.
„Ни претставува задоволство што Јан В’лчек се приклучи на нашиот тим во време кога нашата компанија го проширува својот бизнис со инвестиции во комуникациската индустрија. Убеден сум дека Јан В’лчек на позицијата директор за инвестиции во медиумскиот сектор уште повеќе ќе ја подобри нашата експертиза и ќе придонесе за нашиот раст“ – изјави Јулиус Страпек, основач на Across Group.
Јан В’лчек го изрази своето задоволство од новиот потфат, велејќи: „Среќен сум што на мојата нова позиција го проширувам мојот фокус од исклучиво медиумски на целиот спектар на комуникациски услуги. Како групација, ние сме во единствена позиција да покриваме динамичен регион како што е Југоисточна Европа, со што им овозможуваме на нашите клиенти и партнери квалитетен пристап до разновидна база на потрошувачи.”
Со назначувањето на Јан В’лчек за директор за инвестиции во медиумскиот сектор, Across Finance ја зајакнува својата посветеност за проширување на присуството во медиумската и огласувачката индустрија.