АД ЕВРОПА Скопје има потреба од Бренд Менаџер на определено време, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
Работните задачи на бренд менаџерот вклучуваат организирање на целокупното работење и стратегија за развој на брендот, пронаоѓање на неговите слабости, подготовка на план и стратегија за развој на брендот ЕВРОПА, обезбедување на сите аспекти на производите како и маркетинг активности, а со цел остварување на стратешките цели на компанијата, соработка со сите сектори во компанијата со цел остварување на поставените стратешки цели.
Бренд менаџерот ќе има клучна улога при продажбата и производство на производи од брендот Европа, следење на продажба, зголемување на продажба, лојалност кон брендот и учеството на пазарот, пронаоѓање на нови маркетинг можности, максимизирање на сите можности за раст и развој на брендост, учество при формирање на буџет за маркетинг, креирање на маркетинг стратегија и соработка со маркетинг тмот, како и спроведување на истата во регионот, присуство и претставување на брендот Европа на меѓународни саеми и настани, менаџирање и мотивирање на тимот.
Искуство како бренд менаџер во производствена индустрија, искуство во комерција и особено маркетинг ќе се смета за предност.
Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју.
Огласот е активен до 19.03.2018 а аплицирањето со извршува преку следниов ЛИНК.