Церемонијата со наградите одржана изминатата сабота во Royal Cliff Hotels Group во Pattayа, на Тајланд, го обележа крајот на четиридневното јубилејно 20 издание на фестивалот на креативноста ADFEST.
Речиси 1200 делегати од 69 градови присуствувале на овај фестивал за креативност во огласувањето, а имале прилика да стекнат нови знаења од предавањата со меѓунатродни предавачи, бројни работилници, настани за вмрежување и огромното претставување на 3011 пријавени кампањи во 18 категории.
Jimmy Lam,претседател на ADFEST,го сумира овогодинешниот фестивал со следните реченици: „Многу сме среќни што оваа година имавме исклучително вредни групи на жири комисии кои ги додели ADFEST Lotus наградите. Секој поединец, но посебно панелот Super Eight составен од претседателите на жири комисиите, посвети свое време и навистина внесоа и дополнителен труд за да се осигураат дека резултатите од наградите се фер, и дека исходот биде нешто на што тие можат да бидат горди. Навистина ги цениме нивните напори и посветеност за тоа ADFEST да биде угледен фестивал на светската сцена.“
На финалната презентација на наградите прогласени се победниците во категориите Young Lotus, Radio, Film, Media, Effective, Branded Content & Entertainment, Integrated, INNOVA Lotus, Lotus Roots, како и добитниците на посебните признанија.
Осврнувајќи се на овогодинешниот фестивал и наградите, Ted Royer, креативен директор на агенцијата Droga5 и претседател на гранд жирито, изјави:„ Оваа година видов идеи кои влегуваат во неистражени подрачја на еден сјаен начин и иновации за кои сум навистина среќен што постојат во светот денес. Посебно забавно беше да се оценуваат кампањите кои произлегуваат од локалните увиди, но можат да ги оценуваат луѓето ширум светот.“
За да ја видите целосната листа на победници, и некои од студиите на сличај, посетете ја : www.adfest.com