Претприемачкиот екосистем во Централна и Источна Европа се развива со брзо темпо и регионот веќе го очекува својот ‘еднорог’ (компанија со вредност од над 1 милијада евра). Победникот на “Игрите за претприемачи” на Webit.festival веќе има 12 милиони корисници од 140 држави и расте со над 50% секоја година.
Церемонијата на ‘оскарите’ за стартап компании од Централна и Источна Европа се одржа на вториот ден (20 април) од Webit.Festival Europe во Софија, Бугарија.
1438 стартап компании од 60 држави се кандидираа за наградата. По три фази на оценување, на крајот, 65 од нив беа одобрени и добија бесплатен експо штанд и билети за фестивалот, со што ја добија и можноста да ја претстават својата компанија пред 4300 посетители од 74 држави кои учествуваа на фестивалот и пред жири од 20 инвеститори и глобални бизнис лидери.
За 3 дена, жирито избра 5 од 65-те стартап компании и тие се претставија на големата сцена на Webit на спцијална церемонија пред жири составено од четири најуспешни бугарски ивеститори и претприемачи – Васил Терзиев, основач на Телерик, Иво Евгениев, инвеститор, основач на Рослин Капитал, Љубомир Минчев, основач на Телелинк и инвеститорот и претседател на Webit – Пламен Русев. Секој од четворицата вложи по 50 000 евра.
“Јас сум среќен што овие исклучителни личности ја прифатија мојата покана да се вклучат во наградниот фонд на ‘Игрите за Претприемачи’. Можев да го поканам кој било инвеститор од секоја точка на светот и да објавиме и награда од над 1 милион евра, но решив, дека сакам тоа да бидат луѓе од Бугарија и тие да се пример за успех во нашата земја. Целта беше да покажеме, дека секој може да успее и дека следниот Бил Гејтс може да се роди во Бугарија. За тоа ги поканив Иво, Васко и Љубо да се прудружат кон мојата инвестиција,” рече Пламен Русев, додавајќи: “Така Софија и Бугарија покажуваат пред светот, дека ние не само што имаме динамично развиен екосистем, но и дека можеме да помогнеме на цела Европа да се развива подобро. Нашата мисија е да ја претставиме Софија како дигитална престолнина на новите пазари. Како што кажа Претседателот на Бугарија во својот говор при отворањето на Webit, секој од тие над 1400 стартап компании коишто се кандидираа за Founders Games, веќе ја гледаат Софија како чекор кон својот успех и развој на нивните фирми низ целиот свет.”
Петте финалисти на Founders Games, избрани од жирито беа: Biowatch (ФинТех биометриска компанија од Швајцарија), Clickem (израелска компанија за скратување на веб адреси и онлајн реклами), BuddyGuard (германска компанија, производител на системи за домашна безбедност), Broshura.bg (бугарска фирма за онлајн брошури со над 10 милиони корисници месечно во цела Европа) и AdGuard (руска фирма за онлајн безбедност и блокирање на онлајн реклами).
Бидејќи имињата на финалистите беа чувани од организаторите во тајност до последен момент, една од избраните компании не го презеде ризикот да го испушти својот авионски лет и да го дочека објавувањето на резултатите и така ја пропушти можноста да освои 200 000 евра. Следните на листата, бугарската компанија Playground Energy, на еден од ко-основачите на Walltopia, ја добија можноста да се качат на големата сцена на Webit.
На крајот, трофејот на победник на Founders Games и сумата од 200 000 евра беа доделени на рускиот стартап AdGuard, кои веќе има 12 милиони корисници од 140 држави, годишни приходи од 1.5 милиони долари и годишен раст од 50-75%. AdGuard е софтвер, кој ги штити корисниците од вируси и други малициозни онлајн софтвери и блокира реклами.
Поголемиот број од избраните стартап компании веќе имаат привлечени инвестиции од 100 000 до 2 милиони лева и беа во т.н. фаза на раст. Имаше и специјална категорија за компании без почетни инвестиции.