Омилениот спортски бренд започнува нова кампања која има за цел да ги инспирира луѓето ширум светот на оптимизам, позитивен став и согледување безброј можности. Новата кампања го следи веќе добро познатиот став на брендот за проширување на границите на човечките можности, вклучување на луѓето во спортот и помагање во создавање на одржлив свет.
Адидас започнува нова ексклузивна бренд кампања „Impossible is Nothing“ во која познати личности од светот на спортот, музиката, шоубизнисот, Јутјуб и Инстаграм им порачуваат на луѓето дека ништо не е невозможно. Со оваа кампања, омилениот спортски бренд уште еднаш испраќа порака до светот дека спортот има моќ да ги промени животите и дека на животот треба да се гледа со оптимизам.
Тврдејќи дека ништо не е невозможно, брендот е поддржан од целата Адидас заедница и сите Адидас партнери. Свесен за заедничката моќ, Адидас го започнува својот најамбициозен проект досега – „Impossible is Nothing“. По тој повод, снимен е документарен серијал кој се состои од кратки видеа кои ја откриваат досега невидената страна на некои од најпознатите личности во светот. Серијалот е придружен со емоционално силни дијалози од страна на нивни пријатели и колеги и бројни архивски снимки, а во документарецот се појавуваат Бијонсе, Пол Погба, Тифани Абреу, Мо Салах, Сија Колиси и други.
Прикажувајќи досега невидени, интимни моменти, серијата следи приказни од спортот и културата кои покажуваат како оптимизмот и проактивноста ги обликувале животите на актерите. Истражувајќи ја иднината која што ја замислувале, забележувајќи ги можностите и претворајќи ги во реалност, Адидас ги слави познатите личности кои оставиле трага во историјата на глобалната сцена. Целта е да се инспирираат и охрабрат луѓето да ги препознаваат сопствените можности.
„‘Impossible is Nothing’ е повеќе од кампања – тоа е наш став. Препознавањето на сопствените можности со оптимизам е клучот за постигнување на нашата цел за промена на животот на луѓето преку моќта на спортот. Овој став е она што нè инспирира секој ден и што нè тера да ја градиме иднината. Препознавањето можности денес значи создавање на подобро утре за луѓето ширум светот “, рече Брајан Греви, член на Управниот одбор на Адидас.