Дејвид Бекам, Пол Погба, Фарел Вилијамс, кошаркарот Дамјан Лилард и други ѕвезди, се главните протагонисти во најновата реклама на популарниот и планетарно обожаван спортски бренд Адидас, која е дел од кампањата „Here to Create“.
Направен со партнерство со агенцијата 72andSunny, во рекламата „Calling All Creators“ се појавуваат суперѕвездите од спортот, како што се напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, кошаркарката на Конектикат Сан, Чини Огвумике, потоа кошаркарите Дамјан Лилард, Џејмс Харден, фудбалерите Пол Погба, Дејвид Бекам и други. Но, рекламата не се задржува само на светот на спортот, па тука се и музичарот и продуцент Фарел Вилјамс, модниот дизајнер Александар Ванг и супермоделот Карли Клос.
Рекламата „Calling All Creators“ ги обединува сите овие ѕвезди на една маса, каде што тие еден по еден изговараат дел од пораката на Адидас, почнувајќи со изјавата „Ги повикуваме сите креатори:Оние кои имаат потреба да направат нешто ново“.
„Calling All Creators“ дебитираше на YouTube каналот на Адидас, а ќе се прикажува во 33 земји ширум светот.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=37&v=sLmpxY_XRMU