Пред околу месец и половина, модниот бренд Victoria’s Secret го претстави својот прв модел со Даунов синдром. Сега, спортскиот бренд Adidas покажува дека спортот не дискриминира и го претстави својот прв бренд-амбасадор со Даунов синдром.
Се работи за Крис Никиќ, американец од српско потекло, кој е првиот спортист со Даунов синдром кој успеал да комплетира триатлон.
Паралелно со претставувањето на Никиќ како амбасадор на Adidas, брендот ја лансираше и кампањата Runner321 – иницијатива која се заложува маратоните да го резервираат бројот 321 за учесници со Даунов синдром.
Бројот претставува симбол за Даунов синдром, базиран врз стручниот назив – Trisomy 21.
Поддржан од Adidas, Крис Никиќ ќе се натпреварува под бројот 321 веќе на 18 април на Бостонскиот маратон, од каде се согласиле секоја година да го резервираат тој број за неуродивергентни учесници.
Од Adidas се надеваат дека Крис Никиќ ќе ги охрабри и инспирира останатите луѓе со Даунов синдром да се посветат на спортот и да земат учество на разни спортски натпревари.