Adidas го купи брендот за спортска опрема Reebok во 2005 година за 4 милијарди долари, а сега го продава на корпорацијата Authentic Brands Group за 2.5 милијарди долари.
Покрај Reebok, Authentic Brands Group неодамна купиле уште неколку брендови кои се соочуваат со потешкотии, во обид да ги врати на некогашната слава. Корпорацијата наскоро планира да излезе на јавна берза.
Во моментот, Reebok има продавници во 80 држави низ светот, при што 70% од продажбите ги остварува надвор од САД и Канада. И по промената на сопственоста, седиштето на брендот ќе остане во Бостон, САД.
Според финансиските бројки и изјавите на високопозиционирани личности во компанијата, се чини дека Adidas се мачи со Reebok уште од 2016. Минатата година, приходите на Reebok забележале пад од 19% во однос на годината претходно, односно од 2.05 милијарди долари во 2019, тие паднале на 1.65 милијарди долари во 2020.