Односите се вжештуваат помеѓу гигантите за спортска опрема Adidas и Nike
Откако кон крајот на минатата година Nike поднесе приговор против Adidas, со цел забрана на нивниот увоз на платнени обувки во САД, овој пат германскиот конкурент поднесе тужба против Nike.
Причината, според Adidas, е нарушувањето од страна на Nike на девет патенти на германскиот бренд, поврзани со технологија на „интелигентни обувки“, но и со мобилни апликации.
Според Ројтерс, тужбата биле поднесена во федерален суд во Тексас, при што Adidas тврди дека мобилните апликации Run Club, Training Club и SNKRS на Nike ја нарушуваат интелектуалната сопственост на Adidas, вклучувајќи технологија за следење врз основа на локација, тренинг планови, како и функција за верификување на автентичноста на корисникот.
Adidas исто така има проблем со технологија за обувки “Adapt” на Nike, која овозможува адаптација на патиките врз основа на индивидуалното стапало на корисникот, тврдејќи дека Adidas биле првиот бренд во светот кој создал „интелигентни обувки за трчање“ уште во 2004 година.
Германскиот бренд бара финансиска компензација, заедно со „камата и трошоци“, но се чини дека Nike нема да се предаде така лесно.