Почнувајќи од 18 јануари, Адидас ќе започне со продажба на нова родово неутрална колекција која е дизајнирана заедно со пејачката Бијонсе со цел да се оживее нејзиниот бренд Ајви Парк кој вклучува обувки, облека и акцесоари во портокалови, темовиолетови и беж нијанси
Колекцијата која ја краси насловната страница од јануарскиот број на магазинот „Ел“, Адидас ја опиша како „родово неутрална“.
Колекцијата вклучува комбинезони, дуксери, велосипедски шорцеви и обувки претежно со тројни пруги, заштитниот знак на Адидас, пренесува списанието.
Германскиот бренд за спортска облека започна да соработува со Бијонсе во април за повторно да го лансира нејзиниот бренд Ајви Парк, кој го лансираше во 2016 година со британскиот Топшоп.
Компанијата не ги достави финансиските детали за партнерството.