Адидас е една од најновите компании која во вселената испрати материјали за научно проучување. Поточно, оваа компанија со помош на NASA и SpaceX, испрати материјали за патики, со цел да бидат тестирани на Меѓународната вселенска станица.
Како што се наведува во соопштението, Адидас испрати десетици пелети, кои се вградуваат во ѓоновите на нивните патики, за да бидат тестирани во микрогравитационото поле на Меѓународната вселенска станица. SpaceX го започна овој проект на од Флорида и испратени се околу 2.000 килограми товар. Ова не е прв пат комерцијалните компании да ги испраќаат своите производи и материјали. Досега, NASA и SpaceX повеќе пати соработуваа на ова прашање.
Прашањето е, што сака да покаже „Адидас“ со овај потег, дали навистина сака да се увери дека прави патики со врвен квалитет за професионални спортисти или се работи само за маркетиншки трик со цел да привлече внимание за нивниот модел на патики „Space Space“ во вредност од 180 долари за оваа сезона? Ова не е првпат некој да го стори тоа во комерцијални цели. Во 2015 година, Budweiser испрати семе од јачмен до вселенската станица, затоа што сакаше да го создаде „првото пиво на Марс“. Исто така, Nickelodeon имаше слична кампања во јули 2019 година.
Засега, сè што останува познато е дека Адидас не смее и нема да го користи логото и името на НАСА на своите патики, како и дека резултатите од тестирањето во вселената, ќе бидат објавени во јавноста кога сè ќе биде готово.