Брендот на спортска опрема Adidas лансираше нова кампања за бразилскиот пазар во која го слави диверзитетот и стремежот за слобода и автентичност на силните латиноамерикански жени.
Кампањата насловена “Veste as Brabas” е инспирирана од песната “Liberty” од бразилската раперка и инфлуенсерка Дрик Барбоса, која воедно е и заштитно лице на кампањата. Покрај неа, во кампањата ќе се појават и актерката и спортистка Естер Дијас, активистката и новинарска Александра Гургел, како и скејтерката и атлетичарка Елојза.
„Латиноамериканските жени се препознатливи по својата решителност и постојано бараат слободно изразување. А целата облека од линијата “Veste as Brabas” на Adidas го отсликува тоа – духот на слободата на латинското женско тело. Оваа линија на облека овозможува поголема удобност и флексибилност за спортување, без разлика на модалитетот или секојдневната употреба“, коментира Даниела Валсани, виш комерцијален директор во Adidas Brazil.
Кампањата се реализира со помош на агенцијата Ogilvy Brazil.