“Секогаш легендарни. Сега уште поодржливи”.
Иако изгледот на познатите патики Стен Смит останува ист, тие отсега во голема мера ќе бидат изработени од рециклирани материјали. Со цел целата оваа приказна да се претстави на хрватскиот пазар и да се актуелизира темата на одржливост во фокусот на јавноста, Адидас во соработка со агенцијата 404 креираше сеопфатна дигитална кампања.
Под слоганот „Секогаш легендарни. Сега уште поодржливи” Адидас и агенцијата 404 создадоа веб-платформа (https://hr.stansmithforever.com/) на која инфлуенсери и други познати личности споделија примери за еколошки одговорни и одржливи однесувања кои ги усвоиле во нивниот сопствен секојдневен живот.
Протагонисти на кампањата се познати спортисти и инфлуенсери, кои ги поканија посетителите на веб-платформата да се приклучат на движењето, така што ќе напишат свој зелен придонес или ветување за промена на нивните навики што ќе придонесе за заштита на животната средина.
Особено важен елемент на кампањата е нејзиниот едукативен карактер. Посетителите на платформата можат да пронајдат серија едукативни содржини развиени од страна на организацијата Тера Хаб, кои имаат за цел да им укажат на потрошувачите на одржливи и еколошки одговорни практики што тие можат лесно да ги имплементираат во нивниот секојдневен живот.