Адидас редизајнираше осум свои познати модели на патики како дел од својата нова Star Wars колекција. Тие носат бледо зелена и розова нијанса и фотографија од препознатливото бебе Јода и сцени од Star Wars во внатрешноста на патиките.
По повод почетокот на втората сезона од серијата „Мандалоријан“, Адидас создаде линија патики што е инспирирана од „Star Wars“.
Сите модели му оддаваат почит на популарниот лик од серијата, бебето Јода, а во внатрешноста на патиката е аплицирана фотографија од една сцена од серијата.
Колекцијата веќе е во продажба од 1 ноември, по почетокот на серијата во петокот. Засега е познато дека цените на патиките од оваа нова колекција ќе бидат околу 80 долари.
Со овој потег Адидас реши да ја искористи големата популарност што ја има ликот на бебето Јода по појавувањето во серијата „Мандалоријан“, која се случува во светот на Star Wars.
Ова не е прв пат Адидас да се обиде да ја искористи популарноста на некоја серија, како што направија и колекција во пресрет на последната сезона на серијата „Игра на тронови“.