На Adobe самитот кој деновиве се одржуваше во Las Vegas, Adobe го промовираше e Advertising Cloud, програмска платформа која компанијата тврди дека е првата платформа за менаџирање на рекламирањето низ традиционалните ТВ и дигитални платформи.
Дизајнирана за видео
Adobe нагласува дека новата платформа ги комбинира карактеристиките преземени од Adobe Media Optimizer (AMO) и TubeMogul со цел да обезбеди поедноставно прикажување на видео, дисплеј и рекламирање со помош на пребарување низ повеќе канали и екрани.
Advertising Cloud нуди три понуди, AMO Search, AMO Demand Side платформа за автоматизација на прикажувањето на социјалното, дисплеј и програмското Тв купување, како и AMO Dynamic Creative Optimization (DCO) за динамична креативна оптимизација поврзана поблиску со Creative Cloud.
Наjавена како најлесно разбирлива платформа за планирање, купување и мерење на рекламирањето, Adobe вели дека рекламерите со помош на оваа платформа може да дојдат до широк ранг на публика, без разлика дали пребаруваат на нивната социјална мрежа или пак гледаат линеарна ТВ.
Најважно во работата на оваа платформа е тоа што таа ги идентификува преклопувањата со цел да им помогне на маркетерите да стигнат до својата целна публика на ефективен начин.
Доколку се навратиме на последните и брзорастечки новости поврзани со прикажувањето на рекламите на YouTube, Adobe исто така ги нагласи многуте алатки и безбедносни стратегии кои ги користи Adobe Advertising Cloud и кои се дизајнирани за да ја обезбедат безбедноста на брендот, квалитетот на медиумите и транспарентноста кои со оваа платформа не се компромитирани.
Додека зборуваше на сцената на самитот, говорникот на Adobe во однос на купувањето на реклами на медиумите го нагласи следното: “Ние се насочуваме кон зголемувањето на вашиот ROI, не само кон трошењето на целиот ваш буџет.”
Најголема независна платформа
Adobe тврди дека Adobe Advertising Cloud е ‘’најголемата независна платформа за рекламирање со транспарентни квоти и овозможува комплатно насочување на целите на платформата со оние на комапниите кои се рекламираат на истата’’.
Платформата широко се употребува и веќе менаџира околу $3.5 милијарди долари инвестиции за реклами во име на повеќе од 1,000 глобални брендови меѓу кои и брендовите Johnson & Johnson и Draft.
“Со Adobe Advertising Cloud, брендовите може да го централизираат целокупното планирање за рекламирање и купување преку единствена доверлива платформа со комплетна транспарентност за тоа каде рекламите се појавуваат и колку ефективна е нивната употреба и дали водат кон одредени резултати за бизнисите,” изјави Brett Wilson, потпретседател и генерален менаџер за рекламирањето во Adobe.
“Ние ги премостуваме долго постоечките медиумски јазови – не само помеѓу ТВ и дигиталните медиуми, туку и помеѓу рекламирањето на брендовите и обезбедувањето на добрите перформанси на истото ,” рече Wilson.