Американската софтверска компанија Adobe го објави својот најнов извештај за употребата на емотикони во светот, токму во пресрет на Меѓународниот ден на емотиконите (17 јули).
Истражувањето било спроведено врз 7,000 корисници на емотикони од САД, Европа и Азија.
Според резултатите, најпопуларен емотикон за оваа година е „плачам од смеење“, по што следува класичниот „лајк“, а листата на топ 5 ја комплетираат емотиконите „срце“, „бакнеж“ и „солза“.
Дури 90% од испитаниците одговориле дека емотиконите им го олеснуваат изразувањето на емоции. Над половина од испитниците, односно 55% од нив, одговориле дека се чувствуваат поудобно кога изразуваат емоции преку емотикони, отколку преку телефонски разговори, а 51% сметаат дека изразувањето емоции преку емотикони е поудобно отколку истото да го прават при разговори лице-во-лице.
Половина од испитаниците се согласуваат дека употребата не емотикони позитивно влијае врз нивното ментално здравје, а 67% од испитаниците сметаат дека луѓето кои користат емотикони се попријателски, позабавни и покул од оние кои не ги употребуваат. Голем број на испитаници, односно 88% од нив, истакнале дека е поверојатно да се чувствуваат емпатично кон некого доколку тие користат емотикони.
Дури 89% од испитаниците одговориле дека употребата на емотикони ја олеснува комуникацијата преку јазични бариери, а 75% од нив одговориле дека испраќањето само емотикон, како брз одговор без зборови, е прифатлива практика.
Во однос на употребата на емотикони во бизнис-комуникацијата, 73% одговориле дека тие им помагаат во брзото споделување на идеи, 63% одговориле дека емотиконите го прават носењето на тимски одлуки поефикасно, а 51% сметаат дека емотиконите ја намалуваат потребата за состаноци и телефонски повици.
Исто така, 60% од испитаниците одговориле дека е поверојатно да отворат имејлови или пуш-нотификации кои содржат емотикони, особено долколку се работи за нивните омилени емотикони.
Според 70% од испитаниците, емотиконите можат да поттикнат позитивни разговори за важните културни и општествени прашања на денешницата.
Кога се работи за флерт и врски, емотиконите кои ве прават подопадливи се „бакнеж“, „срциња околу мене“, „срциња наместо очи“. Од друга страна, истражувањето покажало дека користењето на емотикони како „црн домат“, „праска“ и „луд“, ве прават помалку допадливи.
Целосниот инфографик со најважните резултати од истражувањето можете да го погледнете на следниот линк.