Технолошката компанија Adobe ја организира годишната 99U Creative Conference во Њујорк веќе 11 години со ред. Поради пандемијата на Ковид-19, од компанијата соопштија дека овогодинешното издание на настанот ќе се одржи онлајн, а партиципацијата ќе биде слободна и бесплатна за сите креативци во светот.
Конференцијата е закажана за 17 јуни преку Adobe Live и ќе трае во текот на целиот ден, вклучувајќи предавања, презентации и креативни работилници.
Настанот ќе биде отворен од страна на Вил Ален, потпретседател за Community Products во Adobe, а меѓу говорниците ќе се најдат и Ана Сејл, творец и домаќин на подкастот Death, Sex & Money; Нишат Актар, креативен директор на креативната агенција Instrument; како и Џон Кауч, потпретседател за Product Design во Hulu.
Конференцијата ќе се фокусира на темата „Креативното себство“ (“The Creative Self”), разгледувајќи како креативците може да ја определуваат сопствената цел, да го негуваат својот талент и да го дефинираат успехот според свои стандарди.
Учеството на настанот може да го регистрирате на следниот линк.