Во најновиот извештај за дигитални трендови, се вели дека три четвртини од компаниите инвестираат во своите дигитални вештини, а 73% од испитаниците велат дека инвестираат во дизајнерски капацитети
Истражувањето спроведено од страна на Adobe преку анкетирање на 13.000 маркетинг, креативни и технолошки стручњаци, укажа на некои од клучните дигитални и технолошки трендови кои веројатно ќе ги обликуваат маркетинг стратегиите до 2018 година.
Клучните наоди од најновиот извештај за Дигитални Трендови го вклучува фактот што организациите кои во нивната понуда имаат вештачка интелигенција, имаат 50% поголеми шанси да ги надминат своите бизнис цели, заради што 46% од брендови се обврзаа дека ќе ја усвојат оваа технологија до крајот на годината.
Според тоа, извештајот покажа дека три четвртини од компаниите ќе инвестираат во дигитални вештини оваа година, додека 73% велат дека ќе инвестираат во нивните вештини за дизајн за да обезбедат конкурентна предност.
Џон Ватон, виш маркетинг директор на Adobe, забележа: “Дигитал значи дека корисниците сега имаат повеќе моќ да вршат интеракција со брендот по сопствени услови. Тоа го промени начинот на кој компаниите комуницираат со своите клиенти, кои очекуваат големи искуства како стандард. За компаниите кои го ставаат клиентот во центарот на сè што прават, јасно е дека инвестицијата се исплатува. Но искуството на клиентите не може да биде релевантно само за маркетинг услугите или односите со клиентите; тоа мора да се раководи од секоја функција на една организација, од маркетинг и ИТ до развој на производи и дизајн. Со кршење организациските силоси и користење на податоци и вештачка интелигенција за комбинирање на аналитички сознанија со дизајнот и креативните можности, брендовите може да понудат посебно искуство во секоја интеракција. “