Американската софтверска компанија Adobe, во соработка со истражувачи од Универзитетот на Калифорнија, ги претстави својот нов проект во сферата на генеративната вештачка интелигенција, наменет за создавање музика и аудио содржини од текстуален опис.
„Со Project Music GenAI Control, генеративната вештачка интелигенција станува ваш ко-креатор. Таа ќе им помага на луѓето да креираат музика за нивните проекти, без разлика дали се радиодифузери, подкастери или кој било друг кому му треба аудио со соодветно расположение, тон и должина“ – објаснува Николас Брајан, виш истражувачки научник во Adobe Research и еден од креаторите на технологијата.
Корисниците можат да ги компонираат своите звучни дела со внесување описи како што се „моќен рок“ или „среќен танц“, а вештачката интелигенција ќе генерира целосно нови снимки врз основа на тие упатства. Алатката, исто така, нуди можности за фино подесување и уредување, овозможувајќи им на корисниците да ги ремиксираат, преобликуваат и да ги усовршуваат своите аудио креации со прецизност.
Едноставниот интерфејс значи дека прилагодувањата на темпото, структурата и интензитетот на звучната содржина можат да се направат со само неколку кликања, што го прави уредувањето музика исто толку лесно како уклучување на филтер за фотографии.
Според Николас Брајан, овие алатки го издигнуваат генерирањето аудио на ниво на Photoshop со тоа што на креативците им даваат ист вид контрола да ги обликуваат, дотеруваат и уредуваат нивните звучни содржини. „Тоа е еден вид контрола на ниво на пиксели за музика“ – посочува Брајан.
Погледнете ја видео демонстрацијата во продолжение: