Експертите за податоци во оваа компанијата, наводно, пронајдоа начин да ги разликуваат вистинските корисници од ботовите
Adobe на својот Самит претстави пакет на технологии на кои моментално работат, а можеби најинтересната технологија на која работи оваа компанија е системот кој може да направи разлика помеѓу вистинските луѓе и ботовите и тоа во контекст на измамите со реклами.
Проектите во насока на сузбивање на измамите со реклами моментално се во бета фаза, и вклучуваат “Perfect Path“, која им помага на брендовите за да го прилагодат куповниот пат на своите клиенти со користење на платформата на вештачката интелигенција Sensei, потоа “Video Ad AI“, кој ќе им помогне на огласувачите да ги подобрат перформансите на своите видео реклами преку предвидливо моделирање на перформанси и препораки, “Launch It“, кој ќе им помогне на маркетерите во мерењето на ефикасноста на кампањите и “Master Plan“, кој исто така ќе го користи Adobe Sensei да им помогне на маркетерите да се забрза нивната работа во креирањето на искуства за клиентите.
Сепак, најинтересен дел е тврдењето на Adobe дека нивните истражувачи откриле начин да ги разликуваат вистинските луѓе од ботовите и тоа со помош на специфични групи на корисници кои се сигурно “човечки” (пр. корисниците кои се најавени на финансиски веб страници). Научниците на Adobe потоа користат напредни модели за машинско учење за да извлечат информации за оваа специфична група на клиенти, од каде добиваат доволно податоци за да се утврди колкав дел од онлајн сообраќајот е навистина од луѓе, а колкав е од ботови.
Технологијата беше презентирана за време на Summit Sneaks сегментот на Adobe Самитот, кој традиционално им овозможува на посетителите да ѕирнат во претстојните технологии.