Американската технолошка компанија Picsart, кој веќе некое време експериментира со вештачката интелигенција во сферата на креативноста, ја лансираше својата нова платформа наречена Adpilot.
Алатката е осмислена како брза и ефтина опција за генерирање едноставни реклами со вложување минимален напор, а наменета за мали маркетинг тимови и бизниси кои немаат големи буџети за постојано да создаваат обемни креативните кампањи.
Корисниците можат да го иницираат процесот на создавање реклама со прикачување слики на постоечки производ или бренд. Платфомата исто така може да продуцира реклама од нула. Во следниот чекор, корисниците треба да внесат неколку клучни зборови кои најдобро го опишуваат нивниот бренд и целта на промотивната кампања.
Од Picsart велат дека сето ова е доволно за генераторот да испорача креативни брендирани содржини, спремни за објавување на социјалните мрежи како Фејсбук и Инстаграм.
„Создавањето и дистрибуцијата на реклами историски претставува скап процес кој одзема многу време. Сепак, неодамнешните иновации во генеративната вештачка интелигенција го подобрија и поедноставија креативниот работен тек, зголемувајќи ја брзината и ефикасноста. Adpilot користи вештачка интелигенција за да ги намали трошоците и да ја зголеми продуктивноста со тоа што ќе дејствува како креативен придружник на бизнисите, маркетерите или било кој што има потреба да генерира реклами“ – објаснуваат од Picsart.
Платформата Adpilot е достапна на следниот линк.