Најпознатиот светски медиум за маркетинг и адвертајзинг индустријата Advertising Age, ја објави својата престижна A-Листа која дава признание на најдобрите маркетинг и адвертајзинг агенции.
AdAge ги евалуираше агенциите според креативноста, иновациите, финансиските резултати, нивната можност позитивно да влијаат врз бизнисот на клиентот и предизвиците со кои тие се соочиле во 2015 година.
А-листата вклучува ранкинг на топ 10 агенции, агенција на годината, креативна агенција на годината, медиска агенција на годината, интернационална агенција на годината, кампања на годината, мултикултурна агенција и B-to-B агенција на годината.
Ken Wheaton, уредник во AdAge по повод објавувањето на А-листата изјави : “За сите оние кои дебатираат и се прашуваат дали креативноста или бизнис стратегијата се одлучувачки да се најдат во врвот на нашиот избор, одговорот е јасен : двете. Паметните маркетери бараат многу повеќе од убав 30-секунден спот и најдобрите агенции се среќни да се обврзат како партнери на самите клиенти од самиот старт, да ги видат потребите и да го изберат најдобриот пристап за да се постигнат целите и да се зголеми продажбата. Најдобрите агенции знаат да го направат сето тоа и сеуште да имаат убави ТВ реклами“.
Во продолжение погледнете ги агенциите кои ја добија честа да бидат вклучени во овогодинешната AdAge A-листа:
Agency A List winners:
1.Droga5,
2.R/GA,
3.McCann,
4.Anomaly,
5.72andSunny,
6.Deutsch,
7.360i,
8.Alma,
9.VML
10.Venables, Bell & Partners.
Media Agency of the Year: UM
Multicultural Agency of the Year: The Community
International Agency of the Year: FF Shanghai
Creativity Innovators : Droga5 New York, Wieden & Kennedy Portland, Adam & Eve/DDB, Anomaly, BBDO New York, CP&B, Deeplocal, Grey New York, The Martin Agency, R/GA, Wieden & Kennedy New York.
B-to-B Agency of the Year: Gyro
Executive of the Year: Arthur Sadoun, CEO, Publicis Worldwide
Campaign of the Year: Geico’s “Unstoppable” from the Martin Agency
Agencies to watch: Argonaut, Critical Mass, Deep Focus, Essence, Horizon, Johannes Leonardo, MullenLowe, Muhtayzik Hoffer, TBWA and Work & Co.