По повод 5-тиот јубилеен фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS 2019, кој ќе се одржи на 29 и 30 октомври во Madlenianum Opera&Theatre во Белград, Маркетинг мрежа со поддршка на весникот Неделник, лансира спацијално издание, публикација наменета за креативната индустрија во Ардиатик регионот, наречена Adbookа. Овогодишното издание на публикацијатаќе биде објавено под слоганот – Advertising can change the world!
Станува збор за модерна, ексклузивна публикација од повеќе од 150 страници, во која има авторски текстови, интервјуа и анализи со највисок квалитет од сите области на интегрираните комуникации. Почнувајќи од оваа година, Adbookа ќе излегува еднаш годишно, со цел афирмација на професијата, истакнување на таленти и потенцијали, како и едукација и унапредување на креативната индустрија во целиот регион. Покрај тоа, публикацијата ќе има и хуманитарен карактер, а парите собрани од продажба на дел од тиражот ќе бидат донирани на Здружението НУРДОР за време на Фестивалот КАКТУС 2019.
„Како медиумска компанија која го негува авторското новинарство, свесни сме за важноста на текстовите, интервјуата и анализите и пред се` релевантноста на она за што пишуваме. Читателите честопати се многу потценети кај нас, а всушност се многу информирани и многу е важно да им се обезбеди квалитетна содржина. Adbookа е замислена на начин што преку избор на соговорници и автори, да ја афирмира креативната индустрија, талентите и кампањите во регионот, како и да едуцира, во што ја препознавме важноста на овој проект и го поддржавме. Исто така, не е занемарливо ниту тоа што тиражот ќе биде дистрибуиран до оние кои ја живеат креативноста, како и фактот дека сè има хуманитарен карактер. Се надеваме дека текстовите и на нашиот сајт, под рубриката Adbookа, ќе бидат многу читани“, изјави Јелена Јевтиќ, директор за маркетинг во весникот Неделник.
„Маркетинг мрежа верува дека адвертајзинг индустријата може да го промени светот и да поттикне промени. Ова е можно само ако како професија растеме и се развиваме, а тоа, од друга страна, бара синергија и заедничка работа на огласувачите, агенциите и медиумите. Adbookа е токму проект што има за цел да ја зајакне соработката и да придонесе за развој и унапредување на креативната индустрија во Србија и регионот“, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на Маркетинг мрежа.
До крајот на годината, Adbookа ќе добие и свое електронско издание кое ќе биде достапно на српски и англиски јазик. Промоцијата на публикацијата е закажана на 30 октомври во раките на фестивалот KAKTUS 2019.
Богата програма на фестивалот 2019
Како и минатата година, KAKTUS 2019 ќе им понуди на учесниците квалитетна и разновидна програма во различни области на интегрирани комуникации, а фестивалот ќе го отвори еден од најнаградуваните американски креативци, Jean Zamprogno a.k.a Zampa, креативен директор на агенцијата DAVID The Agency, Miami (USA). Во 2018 година, тој беше избран од Business Insider USA како една од 35-те ѕвезди во подем кои ја менуваат адвертајзинг индустријата (35 under 35).
Меѓу главните говорници оваа година се и Skaiste Sruogaite, Corporate Affairs Director for Baltics, Balkan, Adriatic, MARS Central South; Ioanna Mingou, Director in Consumer Marketing, Mastercard Europe и еден од најпочитуваните глобални креативци Eduardo Marques, Chief Creative Officer, Publicis Spain, кој ќе го затвори годинешниот фестивал.
Во текот на двата дена, на учесниците на фестивалот ќе им се претстави и Emanuele Nenna, ко-основач и извршен директор на агенцијата The Big Now (Италија); Mihai Gongu, извршен креативен директор за ЈИЕ, Cheil Worldwide; Regan Warner, креативен директор во агенцијата McCann London; Giorgio Chiaramonte, Senior Director во компанијата Alkemy digital_enabler (Италија); Karolina Galácz, креативен директор во DDB Budapest (Унгарија) и многу други.
Оваа година, фестивалот донесува и бројни новости преку Денот на иновации и Денот на таленти.
Покрај предавањата од врвни експерти од целиот свет, во рамките на првиот ден на Фестивалот KAKTUS 2019 – Ден на иновации (Powered by MARS), Маркетинг мрежа ќе организира програма за менторство и обука за стартапи од регионот на Југоисточна Европа. Програмата ќе опфати стартапи од MarTech, AdTech, Gaming и FinTech (blockchain) индустријата, во сите фази на развој (Alpha, Beta, Growth).
Обуките и менторските сесии за стартапи ќе опфаќаат теми од различни области на бизнис, маркетинг, комуникации, дигитал и медиуми, предводени од признати експерти од овие области од Србија, регионот и Европа. Исто така, во рамките на Денот на иновации на Фестивалот KAKTUS 2019, ќе се одржи финалето на MarTech Challenge 2019 натпреварот за стартапи во областа на маркетинг, организиран од DIRECT MEDIA United Solutions во соработка со партнери, вклучувајќи ја и Маркетинг мрежа.
Во рамките на вториот ден од фестивалот KAKTUS 2019 – Ден на таленти (powered by Mastercard), покрај предавања и работилници на врвни експерти од целиот свет и традиционалното доделување на KAKTUS наградите за најдобрите во професијата, Mаркетинг мрежа ќе организира натпревар за млади таленти од агенции на возраст до 32 години. Целта на овој натпревар е да ги поттикне и мотивира младите луѓе во креативната индустрија, но и да и` укаже на стручната јавност на нивните таленти и креативност. Ова натпреварување е од хуманитарна природа, а проектите и идеите што ќе се создадат во рамките на натпреварот, ќе бидат донирани на здружението НУРДОР.
Покрај тоа, ќе бидат доделени и годишните стручни награди КАКТУС 2019. Наградите се доделуваат во 23 категории, a ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионални поединечни и интегрирани кампањи во изминатата година.
Повеќе информации за фестивалот КАКТУС 2019 можете да пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.