Поканата за учество во жирито дојде откако, за прв пат во 100 години од ова натпреварување, хрватска агенција ја освои наградата Best of Discipline.
Давор Брукета, креативен директор на агенцијата Брукета&Жиниќ&Греј, ќе биде член на жирито на 101-то натпреварување Art Directors Club New York (ADC 101 Annual Awards). Станува збор за најстарата континуирана награда за рекламирање и дизајн, а Брукета доби покана за учество во жирито откако минатата година, за прв пат во сто години од постоењето на овој натпревар, агенцијата Брукета&Жиниќ&Греј беше првата хрватска агенција која ја освои наградата Best of Discipline.
Art Directors Club New York (ADC) е првиот меѓународен креативен колектив од ваков вид. Основан е во Њујорк во 1920 година со цел да го подигне квалитетот на креативните визуелни комуникации и да ги поврзе професионалците од оваа област од целиот свет, а штотуку влегува во својата 101 година од постоењето. Членовите на ADC се водечки експерти од облста на рекламирањето, дизајнот и дигиталните комуникации, така што оваа година Брукета ќе ја жирира заедно со Џени Гурнани од Нетфликс, Кира Полак од Vanity Fair, Монсерат Валер од Волт Дизни и други познати имиња во индустријата.
Благодарение на бројните професионални награди освоени во изминатиот четврт век од неговата кариера, Давор Брукета со години жирира на најпрестижните меѓународни натпревари.
Тој беше првиот претседател на жири од Југоисточна Европа на натпреварот London International Awards, а исто така, претседаваше со Luxembourg Design Awards, беше дел од жирито на британското натпреварување D&AD, германското Red Dot, американските натпреварувања Graphis, Young Guns, OneScreen и New York Festivals и кинеското Hiiibrand.