Освртот на најдобрите реклами на годината не` потсетува на тоа колку пресврти доживеа нашиот живот во последните 12 месеци. За брендовите кои се борат за иновации, ова често беше година на непремостливи пречки, но за оние кои се подготвени да ризикуваат и всушност да бидат дел од културата дури и во турбулентни времиња, креативноста и вештината не недостасуваа.
Во продолжение следува преглед на изборот на најдобрите 25 реклами за 2021 година според Adweek:
12.Eos | “Bless Your F*ing Cooch”
Ако постои една кампања која совршено ги прифати агилноста и смелиот пристап кон рекламирањето, тоа е „Bless Your F * ing Cooch“ на агенцијата Mischief @ No Fixed Address за ограничената линија креми за бричење од брендот Eos. Како одговор на вирално проширеното упатство за бричење на женските интимни делови, споделено од креаторката на TikTok позната како Carly Joy, кое сега има речиси 20 милиони прегледи, брендот и агенцијата промовираа прилагоден производ. Со создавањето на производ, брендот Eos покажа одредена почит кон независните креатори кои често продаваат производи. Тоа беше фантастичен пример за препознавање на вистинскиот момент за брендирање и учество на еден автентичен начин.
11.Amazon | “Alexa’s Body“
Повеќето од нас ја запознаа Алекса на Амазон како глас, но што ако сеприсутниот гласовен асистент имаше и тело? Lucky Generals, британската агенција која стои зад претходните реклами на Амазон, како што е „Alexa Loses Her Voice“ од Супер Боул 2018, се врати на овој голем настан со една од најзгодните ѕвезди на годината, Мајкл Б. Џордан, како имагинарна инкарнација на Алекса. На крајот, тоа беше и ефективна демонстрација на производот и една од највпечатливите реклами за Super Bowl оваа година.
10.Heinz | “Draw Ketchup”
Целта на секој бренд е да стане толку доминантен во својата категорија што потрошувачите тешко можат да помислат на некој друг. Канадската агенција Rethink најде забавен и паметен начин да докаже дека Heinz со својот кечап е дефинитивно на тоа ниво. Луѓето ширум светот се поставни пред предизвикот да „нацртаат кечап“. Проектот откри дека, поттикнати да илустрираат кечап, речиси сите ќе нацртаат шише Heinz – заедно со името на брендот. Ова комуникациско решение е една од неколкуте врвни кампањи која агенцијата Rethink ги креираше за Heinz. На агенцијата и` донесе светска слава и покажа дека нејзиниот потенцијал за глобален раст во наредната година е во полн цут.
9.Change the Ref | “Lost Class”
Како гласните заговорници на огнено оружје да се претворат во гласноговорници на кампања против насилство? За организацијата „Change the Ref“, која беше основана од родители на ученици убиени во престрелка во средното училиште Стоунмен Даглас во 2018 година, одговорот беше да се поканат двајца заговорници за правата на оружјето да им се обратат на ученици од непостоечки класови. Вкупно 3.044 празни столчиња беа поставени пред поранешниот претседател на Националната асоцијација за огнено оружје Дејвид Кин и авторот Џон Лото, кои мислеа дека се обраќаат на виртуелен клас на матуранти. Столовите всушност ги претставуваа студентите кои би дипломирале во тој момент доколку не беа насилно убиени од истрели на огнено оружје. Комуникацијата, осмислена од агенцијата Leo Burnett Chicago, предизвика глобално медиумско внимание, но насилството од огнено оружје за жал продолжи во училиштата во САД. Од 1 август 2021 година, се случија повеќе од 20 смртоносни престрелки.
8.Heineken | “Shutter Ads’
Поради ограничувањата наметнати од пандемијата, баровите ширум Европа беа принудени да се затворат, а нивните сопственици останаа без приходи. Како резултат на тоа, многу од нив мораа да ги спуштат ролетните за последен пат. Агенцијата Publicis Италија, виде потенцијал во претворањето на овие ролетни во нов простор за рекламирање и пренасочување на буџетите на Heineken кон надворешно рекламирање, со цел поддршка на сопствениците на овие барови. Повеќе од 5.000 барови ги претворија своите ролетни во рекламен простор за брендовите на пиво на компанијата, со слогани како: „Погледнете ја оваа реклама денес, а утре повторно уживајте во овој бар“. Меѓу другото, кампањата освои Гран При во Кан во категоријата надворешно рекламирање.
7.Anheuser-Busch | “Let’s Grab a Beer“
Сцените во рекламата за Супер Боул создадена за Anheuser-Busch од њујоршката агенција Wieden+Kennedy можеби изгледаат малку банално во декември 2021 година, како што би изгледале пред пандемијата. Но, на почетокот на 2021 година, видеото одлично ги прикажа сите едноставни моменти од нормалниот живот што ги пропуштивме за време на месеците поминати во карантин во периодот пред вакцинацијата. Рекламата „Let’s Grab a Beer“ не` потсети дека наскоро повторно ќе бидеме заедно на начини кои можеби не секогаш ги цениме како посебни, затоа што ни недостасуваат само кога ги немаме.
6.Axe | “The New Axe Effect“
Генерацијата Z брзо го менува маркетиншкиот пејзаж, за што сведочи зголемувањето на бројот на кампањи со светли бои предводени од инфлуенсери. Брендот Axe и агенцијата The Martin Agency отидоа чекор подалеку и истражија како денешната генерација млади луѓе гледа на врските и состанувањето. Рекламата „New Axe Effect“ отстапи од некогашниот проблематичен етос на брендот Unilever отфрлајќи ги вообичаените безумно опседнати жени и покажа колку привлечноста може да биде забавна кога е обострана и не е ограничена по пол. Ова сигнализираше нова насока за брендот и генерираше посилен раст на продажбата од она што го доживеа Axe во речиси десет години.
5.Sinyi Realty | ‘In Love We Trust’
Некои од најзвучните комуникациски решенија доаѓаат од кампањи кои фаворизираат фантастичен сторителинг, а не продажба на производи. Тајванскиот бренд Sinyi Realty раскажа толку емотивна љубовна приказна, што беше речиси невозможно да се поверува дека 7-минутниот краток филм е всушност реклама. Рекламата на DentsuMB Тајван „In Love We Trust“ беше тивок хит на овогодинешното жири на Cannes Lions, кое му ја додели Гран при во категоријата забава.
4.NBA | “Welcome to NBA Lane“
Без разлика дали сте љубител на кошарка или не, рекламата „Welcome to NBA Lan“ на агенцијата Translation е една од најзабавните, најпозитивните и најгледаните реклами оваа година. Иако НБА валиканот Мајкл Џордан не се појавува во неа, има безброј други ѕвезди од сите НБА генерации. Актерот Мајкл Б. Џордан, кој по втор пат се појавува на овогодинешната листа на најдобри реклами, исто така е во својот елемент како туристички водич низ рекламата, во улога што му овозможува да ја покаже сета своја сестраност и харизма.
3.BLK | ‘Vax That Thang Up’
Не се случува често одредена пародија на позната песна незабележливо да се пробие во реклама, а да не испадне дека е целосен срам. BLK, апликацијата за запознавање и агенцијата Majority најдоа начин да го прослават хитот од 1999 година „Back That Thang Up“ на сосема оригинален начин, кој промовира вакцинација. „Vax That Thang Up“ ги врати Juvenilla, Mannie Fresh и Miu X во центарот на вниманието само неколку часа по објавувањето. Покрај тоа, видеото е едноставно неверојатно привлечно и забавно – зборови што не се користат често за да се опишат рекламте на јавните служби.
2.McDonald’s | “BTS Meal”
Кога станува збор за разбирање на целната публика, неколку брендови оваа година беа неверојатно паметни како на пример Мекдоналдс. Партнерството со BTS Meal беше повеќе од брилијантно. Оваа кампања на агенцијата Wieden + Kennedy New York одлично се усогласи со слични маркетинг стратегии кои функционираа за некои од најголемите К-поп изведувачи, вклучувајќи ја и групата BTS, се разбира. Оброкот, промовиран од ѕвездите на оваа група, помогна продажбата на Мекдоналдс да се зголеми за импресивни 41%.
1.Geico | ‘Scoop, There It Is’
Со рекламата „Scoop, There It Is“, Geico и The Martin Agency создадоа видео кое ја оживеа омилената песна од минатото, со јасно културно влијание на сегашноста.
Гледано преку 15 милиони пати на YouTube и референцирано на безброј начини на платформи како што е TikTok, видеото на Geico со хип-хоп дуото Tag Team од 1990-тите беше прогласено за најдобра реклама на годината од уредниците на Adweek.
Спотот, кој беше лансиран околу Нова година, набрзо стана најпопуларниот забавувач на публиката. Рекламата беше толку популарна што кога заврши нејзиното оригинално прикажување на тв станиците, McSweeney’s објави статија со наслов „Пет фази на тагување кога се соочувате со тоа што не можете да ја видите рекламата ’Scoop, There it is’“.